Професорот и декан на факултетот за безбедност Никола Дујовски во изјава за порталот Нова ТВ вели дека засега регионалната и европската безбедност не се загрозени од случувањата меѓу Русија и Украина но дека е речиси извесно дека воениот конфликт ќе се одрази на цените и кај нас на производи или услуги кои се поврзани со рускиот пазар.
Тој посочува дека првите неколку дена се важни за да може да се изведе заклучок дали судирот е закана за пошироката безбедност.
Утре или задутре ќе знаеме дали вооружениот конфликт ќе се локализира само на истокот на Украина или ќе биде загрозена европската безбедност. Засега нема потреба од стравување за регионот и Европа, но ќе почувствуваме последици во вид на пораст на цените на стоките и услугите кои се поврзани со рускиот пазар, вели професор Никола Дујовски за НоваТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.