Сведоци сме на сериозни закани и насилни пораки упатени кон пратениците на ДУИ, кои не само што се закана за нашите членови, туку и директен напад врз демократските вредности и институции на нашата држава. Овие инциденти го покажуваат високото ниво на нетолеранција и омраза што се шири низ нашето општество, и тоа мора да биде осудено од сите, велат од ДУИ.

„Сведоци сме на организирана и смислена кампања за клевети и закани против ДУИ, чија цел е да ги прикрие големите неуспеси и грешки на новата влада во првите месеци од нивниот мандат. Со измислени обвинувања и насилни акции, тие се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од реалните проблеми и катастрофалните резултати на владејачките политики.

ДУИ стои цврсто зад своите принципи и нема да дозволи овие закани да ја поколебаат нашата посветеност на правдата, мирот и стабилноста на нашата земја. Ги повикуваме надлежните институции да ги истражат овие инциденти и да ги изведат пред лицето на правдата сите кои се одговорни за оваа кампања на терор и заплашување. Демократијата мора да победи над омразата и насилството“, стои во соопштението на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.