На 4-тага седница на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција, претседателот Али Ахмети предложи Генералниот совет да ја овласти Партиската изборна комисија да спроведе внатрепартиски избори, информираат од партијата.
Генералниот совет на Демократската унија за интеграција ја усвои одлуката за распишување на избори и ја овласти изборната партиска комисија да ги организира изборите во ограноците на Младинскиот форум и во Младинскиот форум како и во сите локални подограноци и ограноци на Демократскиот унија за интеграција во 2023 година.
2023-тата година е изборна година во Демократската унија за интеграција во сите локални подограноци и ограноци, освен во ограноците каде што годинава се одржаа изборите, додека во есента 2023 година се очекува да се одржи и 5-тиот Изборен конгрес на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.