Талат Џафери, актулениот претседател на македонскиот Парламент, ќе ја предводи техничката влада во периодот до пред парламентарните и претседателските избори, одлучи раководството на неговата матична партија- ДУИ. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Бујар Османи преку Фејсбук.
За шеф на Централниот изборен штаб на ДУИ за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.
Именувањето на технички премиер Албанец во предизборниот период беше дел од коалицискиот договор меѓу екс-лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети по изборите во 2020 година.
Според договорот на политичките партии кои се сретнаа во понеделникот, техничката влада почнува да функионира од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада.
Првиот круг од претседателските избори треба да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.