Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ја поздравуваат посветеноста на САД за продолжување на духот на Договорот од Преспа и продолжување на европскиот пат на Македонија.
Денеска, по којзнае кој пат Стејт департментот на САД побара политичкиот дискурс на Македонија и по 8-му мај да се заснова на факти, на посветеноста на Договорот од Преспа и на спроведување на реформите што водат за побрзо членство на земјата во Европската Унија.
ДУИ и Европскиот фронт ги уверуваат САД, како стратешки партнер на Македонија, дека и по изборите на 24-ти април и 8-ми мај, патот на земјата останува кон Европската Унија и нема да се дозволи никакво движење што го поткопува веќе трасираниот пат по пристапување на земјата во НАТО.
ДУИ и Европскиот фронт како апсолутен победник на изборите, за разлика од албанската и македонската опозиција, иднината на земјата ја гледаат кон Запад, а не кон Русија. Тоа ќе се докаже со гласовите на 24-ти април и 8-ми мај, кога проруските деривати ќе останат запаметени само како историски губитници во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.