Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во 13 часот во Тетово ќе одржи состанок на членовите на Централниот совет на кој ќе се избираат нови партиски функционери. Централниот совет како партиски орган треба да избере нови потпретседатели и генерален секретар, кои ќе имаат мандат до следниот партиски конгрес.
Реорганизацијата во партијата започна откако на 24 септември таканаречената „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.
Вчера во партиското седиште во Мала Речица се одржуваа средби на претседателството и ограноците. Партискиот портпарол Бујар Османи вчера изјави дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.
Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешното состанок на Централниот совет каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера во една атмосфера на соработка, на унифицираност на спремност на партијата за нови победи, изјави Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.