ДУИ односно спикерот Талат Џафери и министерот за образование Јетон Шаќири блокираат иницијатива со која може да се спречи хаос во високото образование. Повеќе од 80 еминентни професори од три водечки универзитети во Македонија се потпишале на иницијатива со која што се бара власта да донесе одлука за продолжување на работниот век на универзитетските професори од максимални 67 на 70 години.
Иницијативата треба да го реши проблемот што настана со децениското владино блокирање на вработување на асистенти кои требаше да направат научен континуитет и кои по пензионирањето на шефовите на катедри и најискусни професори требаше да ја продолжат едукацијата на високообразовните институции.
По 15 година блокада сега на голем број катедри ќе нема кој да продолжи да работи со студентите, магистрантите и докторантите поради што потписниците на петицијата бараат три години продолжување на рокот до пензија за да можат универзитетите да подготват соодветен кадар.
На петицијата се потпишани звучни имиња од академската заедница.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.