Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на „Канал 5“ со кој, како што велат од партијата, неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот.
Исмет Рамадани во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа. Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на КАНАЛ 5, како и на јавноста. Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси. Слободата на говорот, јавното изразување и објективноста се темелни вредности на новинарската професија неопходни за развој на демократијата, велат од Демократскиот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.