Државниот врв вчера држеше говори на најголемиот македонски национален и државен празник, ИЛИНДЕН, далеку од народот, со силно полициско обезбедување и одбрани гости, велат од Демократскиот сојуз.

Имаше обид да се злоупотреби овој светол празник, да се повикува на илинденците и на востанието за наводно да покажеме и сега храброст за да се промени Уставот, за Македонија да ги почне преговорите за влез во ЕУ.

Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот, истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа.

Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.

Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори.

Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот!

Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе “купите” некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни!

Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.