Борба против злоупотребата на државните ресурси: Крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели!, државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски
Тој додава дека на Владина седница била формирана комисија составена од СОЗР, Кабинет на Претседател на Влада на Р.М, Генералниот секретаријат, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за енергетика и Кабинет на Министерот за добро владеење, со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.
-Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и
-Законот за возила
Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните.
На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата.
Остваруваме уште едно предизборно ветување, пишува Томовски во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.