Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чуство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот со зборовите -немаме веќе држава – истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потсети дека се чека за пасоши.

Ќе не носеа во Европа, а заробија два милиони граѓани, и порано во короната беше карантинот, а сега создадоа државен затвор. Системот не функционира. Нема лични карти, нема ниту најобични документи за кои со години претходно знаеа дека треба да се обезбедат. Пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде. Не само младите туку и се повозрасните размислуваат да ја напуштат државата негледајќи систем и ред. Македонската партија во власта СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали. Нема човек кој не се срами од нивните настапи каде и да не преставуваат низ светот.

Да не се лажеме дека ова се избори за тоа дали ќе влеземе или нема да влеземе во Европската унија. Туку пред се ова се избори за Македонија. Каде изборот треба да биде Македонија средена, со закони кои важат за сите, со немање граѓани од прв и втор ред. И јас верувам дека граѓаните го знаат и ќе го направат вистинскиот избор, за себе, за своите семејства, за своите деца.
Сите сме сведоци дека додека устата им е полна со изјави за Европска Унија, се прават зделки на штета на народот, а за нивен бенифит.

Па некои од нив станаа дури зелени политичари, од една страна зборуваа за екологија, а на друга страна со бизниси со мазут направија милиони. Некои од нив пак си земаа грантови од ФИТР, милионски суми за фирми на роднини. А што се однесува до европските успеси на власта, доволно кажува оваа статистика…- Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите 6 години секој втор граѓанин посакува да си замине од Македонија.

Засекогаш. Според индексот на мизерија Македонија е на врвот во Европа. Светска банка вели дека над 600 000 граѓани живеат со само 150 денари на ден. Државава е во врвот во Европа по инфлација, најниски плати и пензии, истото е и со индексот на корупија. Неславни шампиони во сите категории.
И што прави доскорениот премиер за сето ова. Објаснува за пити буреци, и сака да не убеди дека сега луѓето со платите можеле да купат повеќе бурек од пред 10 години. Но и кога ги прави пресметките не кажува дека бурекот кој го нуди е без месо, симит. Зошто месото во сите пресметки кои ги кажува, во реалноста го изеде инфлацијата. И запомнете секоја во нивна фалба дека ги зголемиле платите, пензиите и споредба со порано, е изоставена инфлацијата која го изеде секое покачување на народот. И добро знае народот колкава е неговата куповна моќ. И за да не се збори за овие работи, тие зборуваат за Европа.
И додека тие зборат за Европа, ја купуваат Соравија. Додека зборуваат за европски фронтови, зад завесата одбираат подзведувачи за Бехтел и енка. Додека се расфрлаат со бројки за европски плати и стандарди, крадат од РЕК.

Понатаму вели:

Црните кампањи на овие политичари против нивниот, нашиот народ не можат да им го исперат срамот, неработењето и криминалот. Тие се вистинското лице на СДСМ. Тие се вистинското лице на ДУИ.
Е па имам една порака до овие политичари. Ви доаѓа крајот!
Крајот ви е запишан со датум – 8 мај 2024 година. И не се лажете дека ќе останете на власт. Не мислете дека ќе ви поминат некакви сценарија. Затоа што никој повеќе ништо не ви верува. Овој народ не може да ве гледа колку сте неспособни, овој народ не може да ве гледа колку многу крадете и овој народ знае дека треба да се стави крај на оваа катастрофа од Влада.
На 8 мај знаеме дека овој народ ќе каже ДОСТА е.
Ќе каже доста ни е од кражби, доста ни е од непостоење на систем, доста ни е од потценување.
Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македоија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Да кажеме ова е твоја Македонија.
Не заборавајте. Оваа земја имала лидерства и претседатели кои оставиле огромна трага. Се покажало дека мораме и можеме.
Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа.Туку победа на секој еден човек на Македонија против естаблишментот кој не влече надоле. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.