Претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ смета дека моменталната ситуација во образованието е на штета на учениците.
Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме дека еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар образовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубија 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела. Како средношколци не не интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние губиме од оваа ситуација – рече Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, сите засегнати страни во процесот се дел од ова и сите имаат своја функција.
Доволно е да се уништи сон на едно дете за да пропаднеме морално како држава, како систем и образование. Станува збор за три генерации досега што за жал континуирано ги уништуваме. Како Сојуз не знаеме дали ќе се пробијат и роковите за испит. Ова е сериозен проблем – рече Павиќевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.