Нека признае Бугарија дека има македонско малцинство и сите прашања ќе бидат затворени, вели Јован Донев, поранешен амбасадор на Македонија во Велика Британија.
Тој, како што објави ТВ Канал 5, вели дека во актуелната македонска Влада има две влади:
Законот за амнестија го предлага Владата, зошто не се договорат министрите за правда и внатрешни работи? Едниот е на став да се растеретат затворите, друг вели ќе нема ефект. Кому да му веруваат обичните граѓани? И да помине и да не помине законот, наједноставно објаснување е дека во владата има две влади, Ковачевски си игра и се праќа во Собрание, исто е и со кривичниот закон, премиерот можел да ги викне и да се договорат, а не да се разединети. Аболиција не може било кој да издава, сите три закони на брзина ги прават и затоа во чаршијата се шират шпекулации со коа цел се носат законите, вели Донев.
Тој додава дека нема и не треба да поминат уставните измени.
Опозицијата сигурно дека нема да прифати уставни промени. Крајната десница во ЕУ на наредните избори сигурно ќе победи, а тоа значи дека ништо нема да биде исто. Интеграцијата е најголемата закана за унијата. Во предлогот за проширувањето на ЕУ се зборува за финансии, замислете Украина да влезе, ќе треба сите пари одат за земјоделската политика таму. Без оглед дали ќе ги вметнеме Бугарите во уставот, треба да си ја гледаме работата дома, а тоа се коренити реформи, вели Донев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.