Докторот Венко Филипче,  е и претседател на СДСМ се пофали со активностите кои ги обавува на неговата официјална страница на “Фејсбук”, под која напиша “Работно”, пишува порталот skopje1.mk.

На фотографијата освен тој, е и негова колешка. Но и име и презиме, датум на раѓање, од пациентката, чија медицинска снимка е отворена на екранот до нив.

Откривањето на лични податоци од здравствен осигуреник (пациент), би значело и прекршување на Законот за здравствена заштита. Членот 153, став 2, вели дека професионална тајна се податоците на пациентите. Во член 154 пак се наведува дека прекршувањето на одредбата ќе значи повреда на работниот однос.

Во Законот нема одредби кои овозможуваат овие членови да не важат. Тоа значи дека без разлика дали е од невнимание, негрижа или со дозвола, откривање на медицинска снимка од пациент би било прекршок.

Ова не прв пат, Филипче слична злоупотреба правеше и за време на изборната кампања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.