Многу е важно ова што се случува во Државниот испитен центар, како пример за хаосот во една од институциите на државата, во овој случај со голема важност за образованието, вели проф. Весна Јаневска.
Откако се обрука разрешениот претседател на Испитната комисија во ДИЦ и во свое лично име им испрати меил за подршка на кандидатите за директори, стана појасно што се случува таму. Имено г-дин Шемши ја обвини актуелната директорка и за сопствениот пропуст. Тој како да заборави дека кога НЕЗАКОНСКИ се закажа третиот дел од испитот токму тој беше претседател на испитната комисија. Се добива впечаток дека комисијата, не само претседателот, прави обид да си го прикрие и измие својот дел од вината за штетата која ја нанесе на 111 просветни работници. Актуелната директорка Благица Павловска, пак, наместо да изнајде решение за проблемот, ги демантира јавно наводите на Шемши.
Дојдовме до тоа, директорката и вработените на ДИЦ да се расправаат, дури и со адвокат, преку медиуми, без ронка почит кон оние 111 кои секојдневно ги понижуваат, омаловажуваат и оштетуваат.
На што личи ова? Кандидатите не ги интересираат внатре – човечките односи и грешките кои едни на други си ги припишуваат вработените во ДИЦ, тие си ги бараат своите ПРАВА.
Директорката КОНЕЧНО ќе мора да се одважи и да превземе чекор, затоа што ако не превземе ништо, наместо да се расправа само со адвокатот на Шемши, ќе мора да се расправа со 111 други адвокати или можеби само уште еден кој ќе застапува 111 просветно работници.
Уште нешто, почна испитната сесија за приправниците. Сигурни сте дека се’ е како што треба?, прашува Јаневска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.