Од вкупно 271.098 избирачи кои гласале на вкупно 3508 изборни места 169.483 лица довербата ѝ ја дале на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Стево Пендаровски, кој е кандидат поддржан од СДСМ, освои 83,112 гласови, односно двојно помалку од Силјановска.

Додека картата на Македонија се бои во портокалово, и во вториот круг црвенеат само неколку општини.

Кадидатот на СДСМ Стево Пендаровски води Дебар со 1082 гласови наспрема Силјановска, која има освоено 772 од вкупно 2.145 избирачки кои гласале.

Изјавата на Пендаровски дадена во Крушево „дојдов во Крушево за да победам“ ги поттикнала крушевчани, кои традиционално го поддржуваат СДСМ, својот глас да го дадат за кандидатот на оваа партија. Пендаровски има 3 пати повеќе гласови од Силјановска, 679 наспрема 191. Трипати повеќе гласови има освоено Пендаровски и во Желино и Арачиново.

И Пласница е обоена во црвена боја. 341 гласач наспрема 233 во корист на Пендаровски.

Липково гласаше за Пендаровски. Таму разликата е 2:1, 456 гласа наспрема 236.

Стотина гласа е во предност Пендаровски пред Силјановска и во Врапчиште и Теарце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.