Извештајот на ЕК констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, договорите во 4 очи го јадат системот, велат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки.

Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на Коридорот VIII и X-d предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки.

Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу.

Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.