Јас сакам да ги споделувам вредностите дефинирани со Копенхагеншките критериуми и вредностите коишто се дефинирани според Договорот за асоцијација и стабилизација коишто патем речено да ве потсетам македонската Влада, односно првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2000 година го потпиша, дури и пред Хрватска. Втората Влада на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди визна либерализација и обезбеди позитивен извештај за отпочнување преговори.
А што правеа владите на СДСМ? Менуваа име, менуваа знаме, тргуваа со влијание, многу крадеа, многу крадеа уште од транзицијата до сега и тоа се влади коишто според овие бирократи споделуваат европски вредности, а ние не споделуваме.
Ако се тоа европските вредности простете, но јас не ги споделувам, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.