Со петнаесетина камери, премиерот Димитар Ковачевски беше пречекан во локален маркет во скопско Тафталиџе. Пред да почне со пазарење ги поздрави медиумите и присутните, но заборави да земе корпа за складирање на продуктите, која подоцна му ја донесе вработена за протокол од Владата. Впечатливо беше што премиерот во маркетот влезе озвучен со микрофон, откако претходно беше пристигнат фотограф и снимател, пишува Макфакс.
Неколку моменти пред да пристигне Ковачевски кај брашното, жена со корпа и телефон со вклучена камера стоеше меѓу рафтовите. Прашана од екипа на „Макфакс“ дали спремна чека да направи селфи со премиерот, таа одговори: „Не, јас за општинска си правам… За Карпош, за СДСМ“. Кога снимателите дојдоа кај рафтовите, таа остана зад нив, за што искоментира: „Ме истуркавте“, се обиде да стигне поблиску до Ковачевски, но не успеа ниту да го фотографира од далеку на што рече: „Леле“ и се повлече.
Госпоѓо вие спремна чекате за селфи со премиерот?
– Не, јас за општинска си правам. За Карпош, за Сдсм 😂🤦♀️#брука #ПрТаче pic.twitter.com/dzQxHiXgno— Бемка (@B1PcG6cyiRrcoTr) March 28, 2023
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.