Седницата на Собранието за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски ќе продолжи денеска, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна на полноќ.
Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници.
Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата влада во Законодавниот дом брои 78 пратеници, 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ.
Програмата за работа на Владата 2024-2028, доставена во Собранието од мандаторот Христијан Мицкоски, е претставена во шест столба на над 60 страни.
Носечка цел, како што се наведува, е обнова на довербата во институциите на државна власт, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на правото, како и економското заживување со цел создавање на продуктивни и добро платени работни места.
Мицкоски вчера на пленарна седница во своето експозе најави инвестиции, економско зајакнување на државата, намалување на невработеноста, раст на БДП.
Пратениците, пак, од опозицијата упатија критики за програмата и го прашаа Мицкоски дали ги лажел граѓаните дека нема да ја користи придавката „северна“ и ќе ги поништи договорите со Бугарија и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.