Денеска ВМРО-ДПМНЕ одржа брифинг со новинари на кој што тема беа две важни работи: Скандалозниот Договор за дел од Коридорите 8 и 10Д и теренските активности на ВМРО-ДПМНЕ во идниот период.
Обврските кои што Република Македонија ги превзела согласно Договорот започнуваат веднаш по неговото потпишување, односно од 08.03.2023-та година кога Владата практично го потпишала Договорот со „Бехтел и Енка“.
Според ВМРО-ДПМНЕ важно е да се осознаат кои се обврските кои што сега и веднаш државата ги презела откако го потпишала Договорот. 8.03.2023 година во самиот договор таа дата и се нарекува ефективна дата. И од таа дата понатаму произлегуваат многу обврски кои што пред се суштински и од кои произлегуваат огромен број на финансиски импликации.
Првата обврска што државата ја презема со овој Договор е директна исплата на аванс во висина од 50 милиони евра. Тоа е дефинирано на самиот почеток на Договорот односно во рок од 45 дена од осми март од денот на потпишување на овој Договор државата треба на компанијата во форма на аванс да и исплати 50 милиони евра.
Втора ставка која предвидува финансиски импликации во висина од 117 милиони евра се однесува на дел од Договорот наречен contractor establishment payment што значи подготовка на градилиште и припремни работи. Имено, првите 87 милиони евра треба да се исплатат за две недели по потпишување на Договорот и тој рок практично истекол на, а останатите 30-тина милиони евра треба да се исплатат 45 дена од потпишување на Договорот.
Со ова долгот кон изведувачот до 22 април е 167 милиони евра.
Понатаму, поради преземени обврски за работи кои се однесуваат на промена на законските решенија, а чии рокови се пробиени Македонија до 6-ти мај треба да му плати 53 милиони евра под ставка пенали на „Бехтел и Енка“ затоа што до рокот од 22.04.2023 не е направена промена на Законот за работни односи каде работните часа од 40 неделно треба да се зголемат на 60 часа. Поради ова, државата исто така ќе му плаќа на изведувачот и пенали од 1.265.000 евра секој месец до завршување на проектот затоа што обврската за промена на Законот за работни односи не е исполнета. Дополнително, предвидено е уште 900.000 евра да се исплаќаат секој месец поради не промената на Законот.
Во Договорот има точка за менаџирање на проектот за 3 милиони евра. Тоа се 172 милиони евра авансно плаќање до сега.
Македонија поради Владата ќе треба да плати 300 милиони евра со пеналите заедно, а уште лопата не е фрлена.
До овој момент тоа што е потпишано не е дел од 1,3 милијарди евра, бидејќи експропријацијата не е ставена во сумата. Ако 350 милиони е експропријацијата на земјиштето, ова најмалку 30% поскап проект, 2,2 до 3 милијарди евра.
Имено, на 130 страна е дадена цена за површински ископ 5,36 метар кубен. Во таа цена е вклучен транспорт до 3 км. За секој нареден 0,17 евра за км по тон и тоа би изнесулвало7,4 евра по км. А, како за пример „Гранит“ за истово работи за цена од 2,33 евра по метар кубен за патот од Блаце до село Блаце.
Во договорот со „Бехтел и Енка“ подповршински ископ според Договорот ќе чини 8,95 евра м3, „Гранит“ за истово наплаќа 4 евра за метар кубен.
Според Договорот исто така може да прават измени во закони, затоа пратениците дале предлог за измени на 9 закони за да се забрза проектот. А, измените ги предлагаат пратениците кои по професија се: психолог, доктор, филозоф, професор по физичко, ликовно итн.
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ниту во Собрание, ниту во Комисиите не гласаа за законот за стратешко инвестирање со „Бехтел и Енка“.
Тој Договор ако не може да се договори на мирен начин треба да се арбитрира во Париз и арбитражата ќе се врши според правилата на Меѓународната Стопанска Комора и тоа според Законот на Англија и Велс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.