Диво приклучување и намерно предизвикан дефект на трафостаница повеќе денови оставија неколку улици во горниот дел на Струмица без улично осветлување, информираа од ЈП „Паркиралишта“ кое е задолжено за одржување на уличното осветлување во Општината.

Според известувањето оттаму, заради приклучување на диви потрошувачи на трафостаницата „Олимписко село“ без осветлување е улицата „Бетовенова“ во Турското маало во градот, а заради насилно велегување и намерно предизвикан дефект на трафостаницата „Маларична“, каде е изгорено и уништено елекричното броило, без улично осветлување се 6 улици.

Од Јавното претпријатие апелираат до граѓаните, кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и насилно и намерно предизвикуваат штети, да престанат да го прават тоа и да ги оставаат без улично осветлување граѓаните, а во спротивно ќе презеле посериозни чекори, односно ќе ги анагажирале надлежните институции за нивно откривање и изрекување соодветни казни.

Се најавува дека проблемот со немањето улично осветлување денеска ќе биде решен со поставување на ново електрично броило од страна на ЕВН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.