Денеска се одржа визионерска работилница со фокус на заедничката надворешна и безбедносно-одбранбена политика, како дел од консултативниот процес за креирање на Националната развојна стратегија.
На денешната визионерска работилница се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска која истакна дека „Потребата од еден ваков стратешки документ каков што е Националната развојна стратегија е показател за сериозниот пристап кој го има Владата во трасирање на развојниот пат на државата во следните 20 години. Ваквиот пристап обезбедува широка консултација и постигнување сеопфатен консензус меѓу сите чинители важни за општествениот развој во трасирањето на визијата за тоа како државата треба да се развива во наредните две декади“.
На визионерската работилница учествуваа голем број претставници од различни министерства, агенции, приватни компании, експерти и невладини организации кои дадоа свој придонес во дискусијата. Заеднички се работеше на предефинирани теми и беа понудени решенија односно активности со кои во иднина би се работело на решавањето на предизвиците поврзани со безбедносно-одбранбената политика, со кои се соочуваме како држава.
Оваа работилница е важен чекор кон создавање побезбедна и посигурна иднина за земјата, и е еден од ретките примери на заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко заедничко делување во насока на креирање на Националната развојна стратегија.
Како активност оваа работилница претставува голем и важен чекор кон создавање побезбедна и посигурна иднина за земјата, а присуството на широк круг од учесници од различни области гарантира дека Националната развојна стратегија ќе биде детална и сеопфатна, со цел да се заштитат интересите и безбедноста на граѓаните на Република Македонија.
Оваа работилница е една од над триесет визионерски работилници на кои во изминатиот период околу 3.000 учесници дискутираа на 23 теми од суштинско значење за идниот развој на државата. На овој начин, преку инклузивен процес се вклучуваат сите засегнати чинители, со цел да се постигне заедничко, интердисциплинарно, наднационално и надполитичко креирање на Националната развојна стратегија, која треба да го исцрта патот за развојот на државата во следните 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.