Директорот на комуналното пертпријатие „Брегалница“ од Делчево Стојче Стојчевски ги прегнал вработените да му го средуваат дворот, обелодени претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски.

На прес-конференцијата Гоцевски објави фотографии на кои се гледаат вработени од јавното комунално претпријатие и вработени во општина Делчево преку разни проекти како користат градежни машини вградуваат песок, бекатон плочки и останати материјали во дворот на семејната куќа на директорот Стојче Стојковски.

Дали се точни информациите кои стигнаа до нас дека вработените на ЈКП Брегалница Делчево работат надвор од работното време и надвор од нивните работни налози? На кој начин директорот им платил за нивниот ангажман? Дали машините што се гледаат на овие фотографии се во сопственост на ЈКП “Брегалница” Делчево и на кој начин се изнајмени за да бидат користени за уредување на неговиот семеен двор, прашува Гоцевски.

Во прашањата упатени до директорот на комуналното Гоцевски потенцира дека делчевци очекуваат Стојковски да одговори дали има сметка за набавката на бекатон плочките и песокот кои го разубавуваат неговиот семеен двор.

Дали овие бекатон плочки и песок се изнесени од дворот на ЈКП “Брегалница” Делчево за да бидат поставени во вашиот двор, вели Гоцевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.