Со директорот на Царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов одржав билатерална средба во Софија, информираше Директорот на Царинската управа на Република Македонија Бобан Николовски преку објава на „Фејсбук“.
Разговаравме за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. За исполнување на важната улога која ја имаат за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели.
Договоривме активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност.
Воедно во блиска иднина ќе одржиме средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи.
Билатералната средба беше во рамките на посетата на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа, стои во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.