По повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври“, Министерството за надворешни работи го организираше традиционалниот Дипломатски тениски турнир, кој се одржа во Скопје.
На Дипломатскиот тениски турнир учествуваа дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Македонија
„Одлична прилика за промовирање на дипломатските вредности преку спортскиот дух кој обединува во заедничките цели за подобри резултати во нашето секојдневно работење. Спортската дипломатија е нераскинлива алка што зближува и обединува и универзален јазик на сите нации со моќ за рушење на сите предрасуди и бариери со кои се среќаваме”3, истакна министерот Бујар Османи.
По завршувањето на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир беа доделени и награди за победниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.