Поранешната ТВ презентерка, Бесмира Ејупи, заминува на испомош во Бон, Германија, веќе утре, пишува „Скопје1“. За издавање на дипломатски пасош потребни се најмалку 15 дена, но, не и сега. Таа треба да го добие во најкус можен период, за во вторник да биде на своето ново работно место. Министерот за надворешни работи во заминување, во „последна секунда“ и ги спакува куферите на Ејупи.
Ејупи ќе работи на издавање на пасоши, ако се следи одговорот на МНР. Оттаму посочуваат дека има наплив на иселеници кои бараат патни исправи, а Ејупи ќе го средува хаосот. Помошен персонал како Ејупи е потребен оти е сезона на годишни одмори, па нема кој да работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.