Случајот со Петрит Муслиу кој ги навредувал Македонците во Чикаго кој дошле да вадат пасоши со „Северна“ не е единствениот.Сличен пример е и со амбасадорот во Италија Веслел Мемеди.Тој беше претседател на една минорна партија наречена НДП и кој поради добрите врски со ДУИ беше испратен во Рим.Тоа се случи пред две години кога министиер за надворешни работи како и сега е Бујар Османи од ДУИ.
Мемеди на своја рака испратил допис со италијанските власти дека пасошите со „Република Македонија“ повеќе не се важечки иако тоа не е негова наделжност. Со тоа остави заглавени околу 100.000 Македонци кои што живеат и работат во Италија и не можат да се вратат дома.
Мемеди покрај претседател на НДП, пратеник беше и потпретседател на Собранието. Во 2019 година, си даде оставка во Парламентот со обинувања кон тогашниот премиер Зоран Заев дека без консултација го разрешил министерот за локална самоуправа, кој доаѓаше од неговата партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.