Сценариото на владата е никогаш да не се стават на гласање уставните измени, се плашат дека и пратеници од СДСМ нема да гласаат, а доколку Бугарија прифати спроведување на пресудите од Стразбур, Демократски сојуз ќе размисли за поддршка на измените.
Генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски во гостувањето на „Вести плус“ во врска со неговите очекувања од утрешната пленарна седница за уставните измени посочи дека не очекува дека предлогот за отворање на Уставот воопшто ќе биде ставен на гласање, поради тоа што владејачкото мнозинство се плаши да види дека имало и пратеници од СДСМ кои нема да гласаат за отворање на Уставот. Според Димитровски првата фаза од собраниската процедура за промена на Уставот ќе се одолговлекува се до последниот ден од мандатот на оваа Влада.
Еден од клучните услови Демократскиот сојуз да поддржи промена на Уставот е Бугарија да прифати да ги спроведе пресудите од судот во Стразбур и да ги прифати македонските здруженија, рече генералниот секретар на партијата, Зоран Димтровски во „Вести Плус“ на Канал 5.
Ако за Бугарија е ситница и не е голема работа промената на македонскиот Устав за внесување на Бугарите, тогаш уште поголема ситница е Бугарија да ги прифати примени пресудите од Стразбур и да ги прифати македонските здруженија. Ние уште од почетокот говориме дека тоа е еден од условите и Демократскиот сојуз да гласа за внесување на Бугарите во Уставот – рече Димтровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.