Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров смета дека има потреба од нова сила на македонската политичка сцена.
-Не е нужно да биде политичка. Јас би поддржал директно или индиректно. Во овие месеци работам пред сѐ во убедување на ЕУ да биде посериозна и потемелна кон целиот регион и малку се обидувам да се поправи кашата во која што сме. Мислам дека има потреба од нова сила и мислам дека нашата Македонија не оди во добар правец, вели Димитров.
-Големите партии се премногу базирани на клиентела или партии-дуќани. Тоа се група луѓе врзани за да се вработува и да се прават такви услуги со некакви лични и финансиски интереси. Партизацијата е толку длабока влезена во нашиот систем . Нас ќе ни треба сила што ќе ги турне таму каде што им е местото за политики. Не може да зависи учител од тоа дали има партиска поддршка од градоначалник, додава Димитров во емисијата „Само вистина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.