Тоа што луѓето многу малку се занимаваат со тоа што го зборував, а многу со мене, потврдува дека моите предупредувања и стравување во однос на маката со Бугарија се оправдани. Кога удирате по човекот што го зборува, а игнорирате што се зборува е проблем, вели поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Само вистина“ за критиките кон него.

Според него, оркестрираните напади биле диригирани од еден или два партиски центри.

-Луѓето кои што носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто, појаснува Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.