„Ова што сега ни се нуди не е компромис. Бугарија не прави чекори. Бугарија има само уште една работа за да има 100 спрема 0, а тоа е да ни го дообјасни македонскиот јазик и бугарската позиција да стане европска позиција“, смета поранешниот шеф на македонската дипломатија и министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.
Димитров македонските евроинтеграции ги опиша како кола без мотор која ќе заврши во ендек.
Ние нема да почнеме преговори додека не смениме Устав. Кога ќе смениме Устав ќе бидеме заглавени на преговори околу Акцискиот план и бидејќи Бугарија нема никогаш да биде задоволна, целта на Бугарија како што вика Радев на македонизмот нема да се оствари, овој процес ќе остане како кола без мотор, во некој ендек. И тоа ќе биде со нашите евроинтеграции, рече Димитров.
Тој вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се изјаснил дека не прифаќа промена на Уставот, како и дека владата не разговара со лидерот на опозицијата во однос на македонско – бугарскиот спор.
Не можеме да почнеме, бидејќи предлогот не овозможува почеток. Каде е 2/3 мнозинство, прави ли владата напор со Мицкоски да седне и да види што мисли.
Како владата ветува во името на Собранието дека ќе го смени Уставот? Со кое право, праша Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.