Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот Максим Димитриевски е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот “The Most Roma Friendly Mayor”, на покана на активистите од невладиниот сектор, кој работи на прашања поврзани со припадниците на ромската етничка заедница на Балканот.
Во рамките на викендот на Ромите во Европскиот парламент се одржува конференција, на која учествуваат повеќе претставници од општините од Западен Балкан, невладини организации и пратеници во Европскиот парламент.
-Голема е честа за мене како Градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за Градоначалник – најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Македонија, но тоа е МАКЕДОНИЈА. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа, објави Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.