Денеска, на првиот училишен ден од новата учебна година, во ООУ„Карпош”- с. Умин Дол свечено беше отворен училишниот објект по успешнозавршениот проект за реконструкција на оваа училишна зграда и наподрачното училиште во с. Љубодраг, кој е реализиран со финансискаподдршка на Министерството за образование и наука и Општина Куманово, oбјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Овој проект опфати реконструкција на кров, подови и тоалети, новипрозорци и врати, нова енергетско-ефикасна фасада, санитарни јазли иделумно нов ентериер, нова електрична инсталација со нов систем загреење, пристапна рампа и тоалети адаптирани за лица со попреченост.

На свеченото отворање, градоначалникот на општина Куманово МаксимДимитриевски упати благодарност до ресорното министерство и ЈП „Кумановоплан“ за реализираниот проект и воедно информираше дека последнатакапитална инвестиција во Куманово во сегментот на образование е 1987година.

„Голема е честа на прв училишен ден да се биде токму тука во селоУмидол, коешто е едно од најголемите и најорганизираните села во нашиот град. Последната капитална инвестиција во Општина Куманово во сегментотна образование е далечната 1987 година, кога е изградено „Кочо Рацин“ воКуманово. И после тоа имаме една континуирана стагнација. Аплициравме11, добивме 8 проекти. Благодарам во мое лично име, во име на граѓанитена Општина Куманово и жителите на село Умин Дол за одвоените проекти одресорното министерство. Воедно, морам да истакнам дека особен придонесдаде и нашето ново формирано претпријатие „Куманово план“ коешто јаизготви потребната техничка документација. Се реализираат проекти,денеска сме тука во Умин Дол, наскоро и во Љубодраг и на многу другиместа. Сега имаме уште 6 апликации, големи инвестиции во сегментот наобразованието. Но, пред некаде две ипол години излеговме со еден проектво општината – Куманово за селата. И тргнавме да асфалтираме површини“,
рече Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.