„Главната суштина на проблемот со институцијата Претседател на држава кај нас е тоа што вие мора да имате независен Претседател на држава којшто не зависи од политичките партии за да знае и да може да каже не, да изгради сопствен авторитет и интегритет врз база на поддршката којашто ќе ја добие од сите граѓани и ќе го штити граѓанинот пред законите и пред уставот во делот на неговиот интерес, кога доаѓаат сите тие законски решенија, изјави претседателскиот кандидат на ЗНАМ Максим Димитриевски

Дополнително, достоинствено ќе ја претставува државата вон границите и министерот за надворешни работи треба да биде неговиот прв соработник којшто треба да учи од Претседателот, а не да му диктира и диригира. Врховен командант за пример кој кога ќе чекори на црвениот тепих пред своите војници и офицери ќе ги гледа како достоинтвено стојат, опремени, нахранети, во солидни услови и решени животни проблеми, мотивирани и дополнително, значи тој треба да биде единствениот коректор како институција во суштинските реформи на судската власт и правосудството, бидејќи има директни ингеренции и во судскиот совет и во уставниот суд.Доколку сакаме правна држава, а тоа е основниот елемент, тоа го учевме по теорија на држава и право, што е постаро државата или правото? Немате држава без право, без правен систем.Ние правен систем имаме на хартија, но за жал нефункционален, максимално корумпиран и оттука главната корупција и политиките на неказнивост. Сето тоа како иден претседател на Македонија имам намера да го корегирам, рече Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и негов кандидат за претседател на државата на претстојните избори во дебатната емисија „Стадион“ на Канал 77 со кандидатот за претседател Арбен Таравари на опозициската коалиција на албанските партии „Вреди“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.