Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на свечената седница по повод 78 години од ослободувањето на Куманово истакна дека Куманово е пример како треба да функционира една локална заедница, како се гради негува соживотот и реално мултиетничко општество. Додека едни само зборуваат за мултиетницизам, Куманово истиот го практикува на дело.
Тој потенцираше дека во Куманово нема поделби по ниту еден основ, ниту по партиска, ниту по верска припадност, а за интересите на граѓаните мора сите да се сложни.
Концертите во Куманово по повод прославата на Денот на градот – 11 Ноември ги посетија над 10.000 граѓани од повеќе градови, од различна возраст и од сите етнички заедници кои заеднички на градскиот плоштад празуваа, се дружеа и се забавуваа. Настапија музички изведувачи од Македонија, Србија и Косово како Лозано, Next Time, Bardhi i ALketа, Sara Jo, Дајте Музика и Тајзи.
На Свечената седница по повод прославата на градот денеска беше претставена прекрасна мултиетничка програма во реализација на Оркестарот од професори при музичкото училиште „Панче Пешев“ со изведба на „Јовка Кумановка“, настап на повеќето културно уметнички друштва од Куманово како што се КУД „Панче Пешев“, КУД „Бајрам Шабани“, Етно фолк студио, КУД „Карпош“ и КУД „Срма“, со сплет кој имаше за цел да ги претстави сите етникуми, мултикултурното општество и соживотот кој реално владее во Куманово.
Настапи и Оркестарот „Симфониум“ при Гимназија „Гоце Дечев“, на чело со професорот Филип Петровски, со интерпретација на Химната, „А, бре Македонче“ и „Бела чао“ со вокална придружба од страна на Илија Белистојаноски и балетска придружба од страна на Денс студио „Виртус“ и ТСК „Динамик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.