Градоначалникот на Општина Куманово и идејниот творец на новата политичка опција Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ги осудува обвинувањата и нападите на Претседателот на Евроaтланскиот sовет на Македонија, Исмет Рамадани кон „Канал 5“ телевизија во емисијата „Само вистина”, за што бара извинување кон медиумот и итна оставка од челната позиција на ЕАСМ.

Обвинување на новинар во емисија за национализам и импутирање на шовинистички наратив е недозволиво особено НЕ кога тоа доаѓа од Претседател на Евроатланскиот совет на Македонија, г. Рамадани. ЕАСМ е организација која ги негува и поддржува Европските и Атлантските демократски вредности а со тоа и слободата на изразување, независно новинарство и медиуми, кои што заложби, во овој случај се косат со искажаните ставови на претседателот на организацијата г. Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5. Покрај неопходно извинување потребна е и оставка од челната позиција на ЕАСМ г. Рамадани. Како и секогаш представниците на Владата при недостаток на аргументи за одбрана на оваа власта и сите афери кои ги следат си играат со националните чувства и оваа реторика ја репризираат како во минатото, порача Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.