Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Студи 10“ на ТВ24 вели дека бројната еврејска секта која ненадејно се насели во овој град е добредојдена доколку се однесува според правилата и прописите, но граѓаните се вознемирени затоа што се движат во големи групи и се облекуваат неконвенционално.
„Видете, Куманово е мултикултурен град, навикнати сме на различности, добив поголем број на пораки од граѓани кои вараат од мене да се вклучам по ова прашање. Имаме гости кои се облекуваат поразлично и се движат во групи,. Тоа е секта која потекнува од Израел. Во Куманово се добредојдени ако ги почитуваат прописите и правилата во градот.
Чудно е движењето во групи и облекувањето, но МВР е органот кој дава времена дозвола за престој. Во рок од 48 часа доколку не сте сместени во хотел мора да се пријавите во подрачното одделение на МВР, или да ве пријават хотелските служби доколку сте во хотел.
Имам информација дека овие луѓе во краток временски период планираат да си заминат од Куманово, но имаме безбедносни служби кои треба да го следат овој процес.По службена должност, командираот и началникот барем усмено треба да ме информиаат за тоа што се случува, но за жал соработкаата е на многу ниско ниво. Од она што јас го знам, тие се сместени во населба „Гоце Делчев“ во приватни куќи“, рече Димитриевски.
Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот и дошла во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.