„Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи“. Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија кадешто беше нејзин гостин.

Тој потенцираше дека официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.

Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга само за мојот град, над 900тини жртви. Овој човек има 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800тини жртви, од кои најголем дел или над 90% се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но, не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит. Јас бев се поклонив на жртвите во Страцин во таа борба. Но, следната година слушнав навредливи зборови во мојата сопствена држава од поединци. Така ли ги чествуваме заедничките историски денови?“, праша Димитриевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.