Тим предводен од потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Тумчевиште, Галате, Вруток и Беловиште каде со граѓаните разговараа за проблемите, но и да се понудат решенија кои ќе влезат во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Доаѓаат парламентарни избори, ние сме со граѓаните, ние го пренесуваме гласот на народот и во Собрание и секаде каде што можеме и во исто време спремаме програми кои ќе бидат прифатливи за нашите граѓани, рече Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека граѓаните треба да знаат дека се што ВМРО-ДПМНЕ ветува, тоа го реализира.

На средбата беше нагласено да не се губи надеж, во Македонија има потенцијал и луѓе кои знаат како Македонија да се извади на вистинскиот пат кој ќе значи подобар живот за секого.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.