Денес во рамки на кампањата Промени се случуваат, секогаш со народот сум во посета на општина Зрновци. Значи на мое огромно задоволство денес бев сведок на реализација на проекти кои што од страна ан градоначалникот биле ветени уште во време на кампањата, односно беа дел од кампањата, а денеска сме сведоци дека тоа почна да се реализира, ова денеска преку изјава за медиумите од Зрновци го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Морам да потенцирам дека денес бевме на Видовишка река каде што се случуваат зафати кои што на резервоари и корито речно, кое што било изградено во далечната 1975 година. Значи после многу години денес таму се случува инвестиција која што на граѓаните од ова населено место ќе им обезбеди вода и во текот на летните период, бидејќи како што ме информира градоначалникот зборуваме за населено место кое што во периодот на јуни, јули и август има недостиг на вода. Од друга страна исто така бевме во место Мородвис, место каде што ја имаме Морошка река каде што некогаш во далечната 1975 година направени се резервоари, меѓутоа тие не се доволни, и немаат доволен капацитет за да обезбедат водоснабдување за населението од тој дел – вели Димитриеска Кочоска.
Таа додава дека значи драго ми е што денес гледам реализација на проекти кои што ќе обезбедат да кажеме или решавање на еден повеќе децениски проблем.
Значи сакам да кажам дека и општина Зрновци е општина во Македонија која што има најмал буџет, но и покрај тоа со едно домаќинско работење, посветено работење, со комплетен ангажман на градоначалникот и неговиот тим навистина може да се реализираат и овие проекти кои што беа ветени во текот на кампањата – рече Димитриеска Кочоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.