Државната изборна комисијана првата прес-конференција утрово соопшти дека биле доставени известувања за проблеми од техничка природа на гласачки места во Кочани, Куманово, Охрид, Тетово и Гази Баба.

„Сите гласачки места се отворени и се гласа на сите места. На неколку места технички проблеми кои се решаваат со решение на ДИК ќе продолжи гласањето по стар начин, со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе продолжи нормално. Проблеми се регистрирани на избирачки места во Кочани, Куманово, Охрид, Тетово, Гази Баба. Во Гази Баба мислам дека е веќе решен проблемот. Приговори за избирачко право, имаме досега 15, кои се скоро сите прифатени, само три се одбиени“, изјави , соопшти претседателот Александар Даштевски..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.