Државната изборна комисија денес ги прими на средба претставниците на Фондацијата Ромите за демократија – Скопје кои протестираа поради попречување во исполнувањето на нивните права како акредитирани набљудувачи на ДИК, на првиот круг од Претседателските избори што се одржа на 24 април 2024.

На средбата претставниците на Фондацијата ги образложија ситуациите со кои се соочиле на денот на изборите а кои се однесуваат на попречување на нивната работа како набљудувачи од страна на избирачките одбори на неколку места низ државата.

Присутните претставници на фондацијата укажаа на несоодветни постапки и барања од страна на неколку избирачки одбори во Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница. Во таа насока, членовите на Државната изборна комисија информираа дека ќе упатат насоки со укажувања до Општинските изборни комисии на Куманово, Кичево, Струмица, Шуто Оризари и Виница и по разгледување на конкретните ситуации ќе се преземат и конкретни мерки кон членовите на Општинските изборни комисии и избирачките одбори.

По укажувањата за несоодветно постапување на членови на избирачки одбори во наведените места, членовите на Државната изборна комисија ги прифатија забелешките и преземаа обврска за понатамошно делување во однос на решавање на овие случаи како и обврска да се превенираат исти или слични вакви ситуации за вториот круг на претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.