Претседателот на Државаната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни и вториот круг од претседателските избори.

Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбедила 58 мандати, односно усвоила 436.036 гласови или 43,32% од вкупниот број, а за коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ гласале 154.687, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата „ВЉЕН“ 107.081 гласа или 10,64%. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.663 гласа или 6,82% и Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ со 56.288 гласа или 5,59%.

Даштевски ги соопшти и резултатите од вториот круг на претседателските избори.Ддвајцата кандидати ги добија следниот број на гласови: Стево Пендаровски – 251.899 и Гордана Силјановска Давкова – 561.001.

Мандатот на пратениците почнува да тече од конститутивната седница на законодавниот дом. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.