Пред две години започнавме една иницијатива која што ја нарекуваме дигитална иницијатива МК25. А идејата беше дека сакаме малку повеќе да влијаеме врз процесот на дигитална трансформација на земјата. Знаете дека во ЕУ веќе се зборува за двојна трансформација, едниот дел е дигитална трансформација, другиот дел е дигитална трансформација. Инаку во таа дигитална иницијатива што се обидовме да направиме, тоа е како една неформална работна група, партнер ни е МАНУ, и ги собравме сите Стопански комори, собравме неколку претставници на академијата, но исто така и политички партии вклучително и ВМРО-ДПМНЕ со цел она кое што ќе го направиме и ќе го сработиме во таа група да има подолг рок односно да е одржливо, вели Никица Мојсоска Блажевска, главен извршен директор на Македонија 2025 на денешната трибина Во чекор со промените – дигитална иднина на локалната самоуправа.
Според неa, дигитализацијата е важна на локално ниво бидејќи може да го подобри квалитетот на живот на граѓаните, како и да придонесе кон поголема транспарентност на општините.
Зошто е важна дигиталната трансформација на локално ниво? Бидејќи граѓаните најмногу контакт да кажам со владата имаат на локално ниво, значи со локалната власт, не толку со централната власт. Дигиталната трансформација на општините може да го подобри навистина квалитетот на живот на граѓаните, може да придонесе кон поголема транспарентност на општините и дека може едноставно да им донесе многу повеќе гласови на градоначалниците, на оние кои што ќе успеат да направат важна дигитална трансформација, нагласи таа.
Во секоја трансформација или во секој процес велиме дека има понуда и побарувачка и тоа е многу важно двете страни да се спремни за дигитална трансформација. Во овој случај побарувачката тоа се граѓаните мора да имаат дигитални вештини, мора да знаат како да ги користат услугите од страна на општината. А од другата страна понудата тоа е општината дали и колку општината нудат е услуги за своите граѓани, вели Мојсоска Блажеска
Мојсоска Блажевска потенцираше дека според нејзе дигитализацијата е еден начин за намалување на корупцијата, односно како што истакна таа проблем кој го јаде македонското општество и економијата долги години наназад.
Дигитализацијата е еден начин за намалување на корупцијата, проблем кој што е најголем и го јаде нашето општество и нашата економија долги години наназад. И заради тоа многу се залагам за дигитализација, децидна е главната извршна директорка на Македонија 2025 Мојсоска Блажевска.
Орце Симов претседател на комората за информатичко телекомуникациска технологија при Сојуз на Стопански комори истакна дека неопходна дигитална трансформација на македонското општество и дигитална трансформација на локалната самоуправа која треба да се базира на македонските ИКТ компании што ќе води кон постабилна и поодржлива економија.
„Многу параметри и индикатори за македонската економија и состојбата на македонското општество споредени со околината и со светот особено со околината која што има слична економија сличен менталитет како нас покажуваат дека ние како заедница и како народ покажавме многу послаби перформанси. Експоненцијалното ширење на дигиталните технологии и услуги носи длабоки импликации кои креираат можност за одржлив раст и развој. Информационо комуникациската технологија може да биде моќен двигател за раст на земјите во развој како што е Македонија. Вештачката интелегенција, блок чејн технологиите, децентрализираните финансии ќе донесат значителни промени во пазарот на труд и во сите сфери на живеењето. Затоа ние мора на тоа да се прилагодуваме„ истакна Симов.
Симов нагласи дека е неопходна дигитална трансформација на македонското општество и дигитална трансформација на локалната самоуправа која треба да се базира на македонските ИКТ компании што ќе води кон постабилна и поодржлива економија.
„Една од моите визии како претседател на ИКТ комората е македонски компании кои развиваат сопствени производи и услуги со високо додадена вредност наместо македонски компании со аутсорсинг услуги кои што ги изнајмуваат своите вработени на странски компании. ИКТ зоната е замислена како инфраструктурно модерно уреден простор со убави згради модерен простор за вработените. Локација која се наоѓа во централното градско подрачје инфраструктурно уредена заедно со централната и локалната власт и под поволни услови доделена на македонските ИКТ компании, нешто слично како што во ТИРЗ зоните се доделува просторот на странските компании. Развојот на еден ваков високо технолошки индустриски комплекс ќе овозможи концентрација на македонските ИКТ компании на едно место истражувачките институти од Универзитетите исто така на тоа место и сето тоа ќе овозможи дружење на македонските ИКТ кадри, ИКТ експерти, меѓусебна размена на идеи и раѓање на нови идеи. Дигитална трансформација е неопходна на македонското општество, која треба да се базира на македонските ИКТ компании“ нагласи Симов.
Во некои области на дигитализацијата мора прецизно да се раздвојат општините ингеренции од страна на законодавната власт. Една добра практика што ја забележав меѓу општините е дека доста голем дел од нашите градоначалници веќе започнаа со електронска наплата на своите давачки и даноци. Тоа навистина е добра и интересна практика, меѓутоа тука се јавува проблемот на неподготвеност на населението. Не можат сите, особено старите лица, не можат лесно да се снајдат во врска со плаќањата на даноците, за некои луѓе е сеуште подобро да појдат во општина и да го регулираат она што треба да го платат и да се вратат дома, вели Методија Анѓелкоски, магистер по софтверско инженерство на денешната трибината „Во чекор со промените – Дигитална иднина на локалната самоуправа“ во рамките на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека една добра практика што треба да се воведе и која што поамбициозните општини на нашите градоначалници ја имаат преземено, а тоа е да сите предмети се овозможат да бидат следени во која состојба се наоѓаат, преку дигитална форма.
Еден едноставен пример, ако некој од вас примал или праќал дел ДХЛ пошта, добивате еден уникатен број, тој уникатен број штом го внесете на одреден веб портал, веднаш ви дава дека во моментов вашата пратка се наоѓа на тоа и тоа место. Замислете еден ваков систем, имате одреден проблем кој треба да го решава општината, нека е некаква легализација, нека е некаква дозвола, градежна или било каква, да можете во било кој момент да внесете едно бројче и едноставно да ви кажат дека во овој момент комисијата за тоа и тоа и вие како граѓанин ќе може да интервенирате ако забележите дека одредена комисија го кочи вашиот предмет, ќе може да се распрашате, да влијаете или да се пожалите. Тоа би била една многу интересна и добра практика која што сметам дека треба да се воведе. Следна работа е воведување можеби на единствен општински портал. Поголемите општини имаат доста претпријатија, заради дигиталната писменост која што е на релативно ниско ниво, добро би било да има едно единствено место каде што било кој граѓанин ќе може да се приклучи и да каже дека сака да ги регулира своите сметки за вода, комуналии и друго што е во ингеренции на општината. Се најавува на тој портал и на многу едноставен начин ги извршува сите. Се навраќам на дискрепанцијата меѓу нашите општини затоа што ова не е одржливо за малите општини, затоа што треба да се вработи човек, треба да се одржува сервер, треба да се има еден податочен центар. Тоа е, колку и да звучи чудно, релативно скапо за некои мали општини. Не е тоа проблем да го на прави на пример Прилеп или Куманово или Гази Баба, но тоа е проблем да го направи Свети Николе или Лозово. Затоа можат во рамките на ЗЕЛС да бидат здружени општини кој што, бидејќи дигитализацијата го дозволува тоа, воопшто не мора да бидат соседни општини, можат да се здружат шест мали општини, да имаат еден заеднички портал ка кој што како прв чекор избирате во која општина сакате да влезете, а како втор чекор избирате што сакате да регулирате. Тоа би ги намалило за одредена вредност сите трошоци на тие општини во тој поглед. И не само тоа, може да дојде и до заеднички податочни центри на сите општини заедно во цела Македонија“, истакна Анѓелкоски.
Дигитализацијата е алатка како треба да стигнеме до попродуктивни општини и општини од кои граѓаните ќе бидат позадоволни и ќе настанат промени кои значат иднина, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски на политичкиот саем.
„Дигитализацијата треба да има некоја цел, ние не правиме дигитализација за да имаме апликации, туку за да имаме одредена политичка цел. Таа може да биде подобрени услуги за општини со резултати или може да биде за подобрена транспарентност и интегритет на општините. Во основа сето ова што го збориме за дигитализација треба да води кон одредена цел“, рече Клековски.
Клековски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е шампион во оваа работа, ако некои има направено промена во овие 30 години, во оваа наша Македонија тоа е ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ во 10 години покажа дека може да се направат работи за 30 години
„ВМРО-ДПМНЕ мора да го преземе приматот и да го дигне знамето да биде шампион во следната фаза на дигитализацијата, вклучувајќи и на локалната самоуправа. Треба да се бара соодветни институциски форми да агендата се придвижи многу побрзо наспроти очекуваните од кој ќе се јават во јавноста затоа што сеуште држиме хартија во рацете“, изјави Клековски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.