Состојбите и борбата со дезинформации, манпулацијата со информации како и другите закани во информативниот простор на Западен Балкан организирани од трети земји биле во фокусот на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со делегацијата предводена од специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствувале и американската амбасадорка Анџела П. Агелер, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Во фокусот на средбата било зацврстувањето на поддршката за иницијативите во борбата против дезинформациите и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Западен Балкан. Акцентирана била и потребата од вмрежување на сите партнери и засегнати страни како на национално, така и на регионално ниво.
– Владата застанува одлучно во спротивставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите, нагласил премиерот Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.