Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски присуствуваше денеска во центарот на Скопје, на чествувањето на 95-годишнината од смртта на македонската револуционерката Мара Бунева, при што беше положено цвеќе на нејзината спомен-плоча на кејот на Вардар.

Џамбаски со мегафон се обрати пред стотина поддржувачи на делото на Бунева, кои дошле да оддадат почит.

Тука сум да ги поддржам Бугарите. Нема да ги оставам да продолжи политиката на геноцид, наложена од Комитерната. Нема да дозволам продолжување денационализација на Бугарите во Република Македонија, рече меѓу другото Џамбаски во својот говор, што е само дел од неговите константни провокации кон македонската држава.

Претходно била организирана и панихида во црквата Св. Димитрија, по што дел од Бугарите од Македонија, но и пристигнатите бугарски државјани се упатиле кон кејот на Вардар.

Во последните неколку години бугарски здруженија се собираа пред спомен-плочата на Мара Бунева која го извршила атентатот врз државниот обвинител на Србија, Велимир Прелиќ на 13 јануари 1928 година.

Бунева е родена во Тетово. Според толкувањето на историчарите, искривувањето на историјата и вистината, тврдењата дека Бунева била Бугарка е српска пропаганда за да се оправда соживотот во СФРЈ, како и да се сокрие српската окупација на Македонија. Нивна забелешка е дека македонската држава не направи спомен обележје достојно на саможртвата на Бунева, туку се дозволи присвојување на нејзиното дело за туѓи интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.