„Непуштањето Бугари во РСМ е вистински срам и неуспех на бугарската политичка класа. На денот на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на бугарскиот револуционер“.
Ова за бугарска НОВА го изјави копретседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски, коментирајќи ги информациите за Бугари запрени на границата.
„Ќе одиме во Cеверна Македонија кога и како ќе одлучиме и кога и како сакаме. Ние сме ВМРО и нема да дозволиме никој да ни диктира кога да одиме, каде да одиме и каде да не одиме. Но, тоа што се случи на границата со РСМ е вистинскиот срам и неуспех на бугарската политичка класа која гласаше за укинување на таканареченото вето.Затоа што видовме како земја која не е дел од ЕУ, земја во која вој ува антибугарскиот македонизам, ги понижува Бугарите кои сакаат да се поклонат пред саркофагот на Гоце Делчев“, рече европратеникот.
Според него, тој веќе ги известил колегите од ЕП поради постапките на Скопје.
„Сепак, резултатот ќе биде нула. Овие луѓе се слепи, неми и глуви кога станува збор за кршење на правата на Бугарите во Македонија. Ама кога тепаат Бугари во РСМ – траат. Ова е вистинскиот срам и вистинскиот неуспех“, нагласи тој.
„Народниот пратеник од Пловдив, Ангел Георгиев, до неодамна беше прет епан и уапсен од македонските граничари на граничниот премин Ѓуешево, додека од неговиот телефон директно пренесуваше на Фејсбук. Ова веќе не е провокација од хулигани или опозициски партии во Македонија. Ова е бесрамна провокација на Владата на Македонија!!!“- напиша лидерот на „Вазраждане“ (Преродба) , Костадин Костадинов, откако се појавија информации за проблеми на границата со Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.