Актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери се заблагодари на номинацијата од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред парламентарните избори што треба да се одржат следната година.

Тој вели дека ќе ја извршува функцијата со почит и одговорност.

„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должно почитување и соодветна одговорност ќе биде спроведена од моја страна како одговор од поддршката искажана од партиските органи, а пред сè од граѓаните на Република Македонија“, изјави Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.