Димитар Ковачевски и СДС се малцински партнери во владата на ДУИ и Али Ахмети.Ковачевски со поддршката за Талат Џафери да биде премиер го потврди она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше изминатите години, а тоа е дека тој е спремен да прифати се што им нуди ДУИ и Ахмети, само за да продолжат матните бизнис зделки и криминал, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Отаму сметаат дека Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата.
Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.
Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија, го блокираше законот за македонските бранители.Тој е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани.
Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија.
Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата.
Со Ковачевски, СДС стана непрепознатлива партија, и освен што и отпаѓа рејтингот, туку е и целосно деградирана во владата.
Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, се што тој кажува, Ковачевски само прифаќа.Ахмети не работи за доброто на народот, туку лично за себе и фамилијата.СДС и ДУИ ја носат Македонија во пропаст.Затоа на изборите народот ќе ги казни и ќе ги испрати во длабока опозиција.За Македонија да оди напред, потребно е СДС и ДУИ да си заминат час поскоро, наведуваат од опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.